24фудбал

Роура: Секогаш е задоволство да се игра на Сан Сиро

Асистентот на Тито Виланова, Жорди Роура вели дека Барса не е апсолутен фаворит против Милан, очекува добар натпревар и спектакуларна атмосфера на Сан Сиро.

Лига на Шампиони
Барселона вечерва ќе влезе како голем фаворит во 1/8 финалниот двобој против Милан.
 
Сан Сиро ќе биде исполнет, навивачите на Росоњерите ќе се обидат да го понесат својот тим против посилниот тим на Барса.
 
Роура очекува убава атмосфера на Сан Сиро и не се согласува со оние кои велат дека Барса е апсолутен фаворит.
 
„Оваа сезона Милан е поинаков од претходните години" - вели асистентот на Барса, Жорди Роура.
 
„Задоволство е да се дојде тука и да се игра, Сан Сиро е одличен стадион со фантастична атмосфера. Милан е еден од најпрестижните тимови во Европа".
 
„Нема никаква смисла да се зборува за фаворити. Не се согласувам со оние кои велат дека Барселона дефинитивно ќе победи".
 
„Милан е еден од најуспешните тимови во Европа и секогаш е тешко да се игра на Сан Сиро, атмосферата во Лигата на Шампионите е фантастична".
 
„Не сум одлучил со кого ќе настапам. Во изминатите натпревари примавме голови, но исто така и постигнавме многу. Како и да е, работевме да ги поправиме грешките".