24фудбал

Фламини и Ночерино го пропуштаат дуелот против Барса

Милан соопшти дека Фламини и Ночерино поради повреди нема да настапат на натпреварот против Барселона.

Лига на Шампиони

Лоши вести за фановите на Милан во пресрет на 1/8 финалниот натпревар против Барселона кој утре се игра на Сан Сиро.

Милан информираше дека Метју Фламини и Антонио Ночерино се повредиле.

Фламини заработил повреда на надколеницата, додека Ночерино го повредил бутниот мускул.

Сеуште нема информации за тоа колку време ќе отсуствуваат од фудбалските терени.