24фудбал

Меси му испрати дрес со посвета на Милер

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси му испрати дрес со посвета на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Герд Милер за да го одбележи рекордот од 91 погодок во 2012

Шпанија

Аргентинскиот репрезентативец играше во импресивна форма изминатава година и зад своето име забележа 91 погодок.

Со тоа, Лео Меси го сруши рекордот на Герд Милер стар 40 години, Германецот во 1972 постигна 85 голови во една календарска година.

’Каталонците’ утрово пренесоа дека Меси сакал да го сподели ова достигнување со легендарното ’Торпедо’, па на екс-фудбалерот на Баерн Минхен му испратил дрес од Барса на кој пишувало: „За Герд Милер / Со моја почит и восхит / Прегратка”.