24фудбал

Венгер: Нема да го ангажираме Ба

Арсен Венгер ја отфрла можноста Арсенал да го ангажира напаѓачот на Њукасл, Демба Ба во зимскиот преоден рок

Англија

Репрезентативец на Сенегал е атрактивна цел со оглед на тоа дека во неговиот договор има откупна клаузула од 7,5 милиони фунти.

Силно се шпекулира дека Демба Ба ќе замине од Њукасл во јануари, а Арсенал беше посочен како можна дестинација на напаѓачот.

Арсен Венгер не крие дека му се допаѓа Демба Ба, но менаџерот на ’Топџиите’ ја отфрла можноста за ангажман на Сенегалецот.

Во пресрет на утрешниот дуел помеѓу Арсенал и Њукасл, Венгер рече: „Ми се допѓа Демба Ба”.

„Но мислам дека ова не е прав момент за да разговараме на оваа тема, тој утре игра против нас”.

„Не сакам да го ставам Арсенал или пак Њукасл во непријатна ситуација”.

„Доколку ме прашате ’Дали ќе потпишеме со Демба Ба?’ ќе ви одговорам со не”.

Медиумите исто говорат за можноста Тиери Анри одново да го облече дресот на Арсенал.

„Не сум изгубил интерес за него, тој ќе дојде да тренира со нас. Не можам да отфрлам ништо во овој момент”.

Во последно време Арсенал се поврзува и со ангажман на Давид Виља, но менаџерот одби да говри за напаѓачот на Барселона.

Запрашан за шпанскиот репрезентативец, Венгер рече: „Нашиот интерес за било кој фудбалер мора да остане тајна во овој момент. Не можам да откривам имиња”.