24фудбал

Лацио владее во Рим

Лацио со 3-2 ја победи Рома и го доби големото римско дерби, Фиорентина го совлада Милан на Сан Сиро, Наполи славеше на гостувањето кај Џенова.

Италија

Лацио го доби Derby della Capitale, Римската Волчица поведе, но на крајот со наведната глава го напушти Олимпико.

Резултатот беше отворен уште во 9. минута кога Ламела постигна гол со глава за водство на Рома од 1-0.

Лацио го израмни резултатот во 35. минута кога Кандрева со вистинска бомба постигна гол од слободен удар од голема далечина.

Пред крајот на првиот дел комплетен пресврт, Клосе реализира за водство на Лацио од 2-1.

Работите за Рома станаа уште потешки откако Де Роси го удри во лицето Маури и заработи црвен картон.

Со самиот старт на второто полувреме, Лацио поведе и со 3-1, Маури беше стрелец на погодокот.

Истиот фудбалер заработи втор жолт картон во 85. минута минута од натпреварот.

Рома успеа само да го ублажи поразот со фантастичен погодок на Пјаниќ во 86. минута.

Милан на Сан Сиро доживеа пораз од екипата на Фиорентина, Росоњерите загубија со 3-1.

Фиорентина поведе со голот на поранешниот фудбалер на Милан, Аквилани.

Пато имаше голема можност да израмни, но не успеа да реализира удар од белата точка.

Валеро казни и го зголеми резултатот на 2-0.

Милан успеа да се врати во игра со погодок на Пацини, но тоа беше се што направија Росоњерите.

Пред самиот крај Хамдауи со прекрасен гол ја завери победата на Фиорентина од 3-1.

Наполи во самиот финиш дојде до победа од 4-2 на гостувањето кај Џенова, домаќините на два пати имаа водство, но гостите се радуваа на победата.

Имобиле погоди за предност на Џенова од 1-0, Место го израмни резултатот на 1-1.

Радоста на Наполитанците траеше кратко бидејќи Бетолачи носи ново водство за домаќините, Кавани израмни на 2-2.

Во судиското продолжение Хамшик и Инсиње постигнаа голови за голема победа на Наполи од 4-2.

Горан Пандев се повреди, македонскиот фудбалер го напушти теренот во 38. минута.

Во остнатите денешни натпревари од Серија А, Палермо со 2-0 ја победи Сампдорија, Киево и Удинезе одиграа 2-2, Торино со 1-0 славеше над Болоња, немаше погодоци на дуелот помеѓу Парма и Сиена.