24фудбал

Турново се врати на врвот

Хоризонт Турново се врати на врвот откако со 2-0 славеше над Ренова, а Вардар одигра само 0-0 на гостувањето кај Тетекс, Шкендија победи на гостувањето кај Металург.

Македонија

Турново рутинитано со 2-0 славеше на свој терен против Ренова и се врати на чело на табелата во македонската прва лига.

Балдовалиов погоди во првото коло, Тасев во второто полувреме.

Вардар влезе како голем фаворит на гостувањето кај Тетекс, но Црвено-црните не успеаа да постигнат гол, натпреварот заврши без победник.

Шкендија со три бода се враќа од Автокоманда, откако со 1-0 го доби дербито против Металург.

Натпреварот можеше да се одвива поинаку, но Мазнов не реализираше пенал.

Удар од белата точка беше досуден и за Шкендија, која не погреши, Неџипи погоди за водство и победа од 1-0.

Во продолжението од натпреварот Крстев и Митрев заработија црвени картони, па мисијата за добар резултат на Металург стана невозможна.

Генц Исени му донесе победа на Работнички од 1-0 против Силекс.

Брегалница со голот на Наумов од пенал во 60. минута го победи Пелистер исто така со 1-0.

Немаше победник на дуелот помеѓу Напредок и Дрита кој заврши 1-1.

Станковски реализираше за Дрита, Балази во 90. погоди за Напредок.