24фудбал

Торес: Мора да се подобриме

Фернандо Торес е среќен по победата над Шахтјор но вели дека Челзи мора да игра подобро во продолжението од сезоната.

Лига на Шампиони
Челзи синоќа среќно, со гол во 94. минута на Виктор Моузес дојде до многу значајна победа против Шахтјор во Лигата на Шампионите.
 
Фернандо Торес кој беше стрелец на првиот гол, вели дека Сините мора да заиграат подобро во наредните натпревари.
 
„Среќен сум со резултатот, но знаеме дека мора да бидеме многу подобри" - изјави Торес.
 
„Знаеме дека треба да се подобриме. Им создававме проблеми, игравме пресинг, создававме шанси по нивните грешки, но не бевме добри кога ја имавме топката".
 
„Ваквите ситуации не треба да се повторат, особено не во Лигата на Шампионите, бидејќи можете да бидете елиминирани".
 
„Кога ни е потребна победа, го правиме тоа. Така беше против Валенсија, Наполи и Барселона, исто и во финалето против Баерн Минхен".
 
„Ова беше првиот голем тест ова сезина и успеавме. Имавме среќа, мислам дека ремито ќе беше пофер резултат, но Челзи има посебна работа која никој не може да ја купи".
 
„Тоа е добро, добро е кога и среќата е на наша страна".