24фудбал

Мозес му донесе многу значајна победа на Челзи, Јуве убедлив против Нордсјеланд

Со гол на Виктор Мозес во 94. минута, Челзи го победи Шахтјор со 3-2, Јувентус со убедливи 4-0 славеше над Нордсјеланд.

Лига на Шампиони

Според прикажаното на теренот Шахтјор не заслужи да загуби, но Челзи помалку среќно дојде до многу значајни три бода со гол пред последниот судиски свиреж.

Гостите можат да жалат што со наведнати глави го напуштија Стемфорд Бриџ, одиграа одличен натпревар, но на крајот не се радуваа.

Натпреварот започна одлично за Челзи, во 6. минута голманот Пјатов биеше во Торес, топката влезе во неговата мрежа, Сините поведоа со 1-0.

Но радоста траше кратко, во 9. минута Вилијан реализира за израмнување на 1-1.

На пет минути пред крајот на нова грешка на гостинскиот голман, ја одбива топката со глава до Оскар кој постигна фантастичен погодок од далечина за ново водство на Челзи.

Шахтјор имаше фуриозен почеток на првото полувреме, по само две минути игра Вилијан постигнува нов гол за израмнување на 2-2.

Одбраната на Челзи на овој натпревар делуваше очајно, многу лошо поставено, што резултираше со повеќе прилики за гол на Шахтјор од кои две беа искористени.

И кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Челзи постигнува гол, Мата изведе корнер, Мозес со глава ја заби топката во мражата на Пјатов за победа од 3-2.

Јувентус немаше проблеми со Нордсјеланд, Старата Дама победи со убедливо со 4-0.

Натпреварот го судеше најдобриот македонски судија, Александар Ставрев.

Јуве поведе уште во 6. минута, по асистенција од Исла, Маркисио погоди за 1-0.

Во 23. минута Видал искористи една грешка на обраната на Нордсјеланд и погоди за 2-0.

15 минути подоцна прекрасен гол на Џовинко за убедливо водство на Јуве од 3-0.

Конечните 4-0 ги постигна Кваљарела во 75. минута од натпреварот.

По четири одиграни кола Челзи и Шахтјор имаат по седум бода, Јувентус има шест, Нордсјеланд еден бод.