24фудбал

Тито сака Барса уште вечерва да се пласира во топ 16

Тренерот на Барселона, Тито Виланова цели кон победа на гостувањето кај Селтик, и обезбедување место во нок-аут фазата од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Со три победи од три натпревари, Барселона е на чекор до следната фаза од најелитното европско натпреварување.

Триумф на гостувањето кај Селтик, за ’Каталонците’ ќе значи прво место во групата и пласман во 1/16 финалето, а токму кон ова цели Тито Виланова.

Тренерот на Барса, на прес конференцијата, рече: „Веројатно ова е најважниот натпревар што ни преостанува во 2012”.

„Можеме да завршиме први, и доколку го сториме тоа, на преостанатите два натпревари ќе можеме да ги одмориме првотимците и да го ротираме тимот”.

„За да се случи ова, потребно е да го победиме Селтик”.

Виланова потоа додаде: „Знаеме колку може да биде опасен Селтик. Истото го кажав и пред натпреварот што се одигра на Камп Ноу пред две недели”.

„Тие се многу опасни при нафрлените топки, и се многу брзи при контра нападите. Тоа го видовме на Камп Ноу”.

„Никогаш не сум го посетил Селтик Парк, но ми пренесоа за атмосферата на стадионот. Мислам дека фудбалерите ќе бидат мотивирани од атмосферата”.

„Пред две недели, успеавме да ги победиме во завршните мигови од натпреварот, па потребно е да бидеме внимателни. Селтик ќе ни ја отежни работата”.

Пике повторно е на располагање, но стратегот не знае дали дефанзивецот денеска ќе биде стартер.

„Ќе видиме како ќе се чувствува Пике, долго време нема играно. Не сакаме да ризикуваме, нема потреба да го форсираме пред време да се врати на терените”.