24фудбал

Манчини: Мислам дека го завршивме настапот во Лигата на Шампионите

Роберто Манчини смета дека сезоната на Манчестер Сити во Лигата на Шампионите е завршена и го потенцира лошото судење на дуелот против Ајакс.

Лига на Шампиони
Манчестер Сити одигра само 2-2 против Ајакс на Емирати стадионот, па шансите за пласман во следната фаза се само теоретски, не и реални.
 
Манчини е свесен за тоа, смета дека нивниот пат во Лигата на Шампионите оваа сезона завршува во групната фаза, свесен е дека само чудо може да ги однесе понатаму.
 
„За жал освоивме еден бод и мислам дека го завршивме настапот во Лигата на Шампионите" - изјави Манчини по натпреварот.
 
„Доколку нашата судбина е да ги добиеме двата натпревари и да се пласираме во следната фаза, тогаш нашата судбина ќе биде и да ја освоиме Лигата на Шампионите".
 
Манчини го потенцира лошото судење, сомнително беше поништен гол на Агуеро поради офсајд од Коларов иако Србинот се чини дека не беше во недозволена ситуација, на крајот наместо пенал врз Балотели, судијата свирна крај.
 
„Мислам дека постигнавме три гола, но примивме два глупави погодоци".
 
„Во натпревар од ваква важност не смеете да си дозволите да постигнете два гола од корнер".
 
„По натпреварот на судијата му реков дека тоа беше чист гол. Последната ситуација со Марио не ја видов најдобро. Но реков дека ни поништија чист гол".
 
„Судијата и неговите помошници беа многу лоши".