24фудбал

Порто во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите

Порто одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Киев и обезбеди пласман во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, ПСЖ убедлив против Динамо Загреб.

Лига на Шампиони

Покрај Малага, пласман во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите обезбеди и Порто.

Португалскиот тим одигра 0-0 на гостувањето кај Динамо Киев, сосема доволно за пласман во следната фаза на две кола пред крајот.

ПСЖ со убедливи 4-0 славеше против Динамо Загреб кој игра уште една очајна сезона во Лигата на Шампионите.

Златан Ибрахимовиќ не постигна гол, но беше играчот на натпреварот, Швеѓанецот асистираше при сите четири гола за домаќините.

Алекс, Матуиди, Менез и Хорау беа стрелци на погодоците.

По четири одиграни кола во групата А, Порто е прв со десет бода, ПСЖ е на второто место со девет, Динамо Киев има четири, Динамо Загреб е без бодови.