24фудбал

Реал Мадрид се спасуваше од пораз, Сити повторно разочара

Реал Мадрид со гол во финишот се спаси од нов пораз од Борусија Дортмунд, Манчестер Сити одигра само 2-2 на свој терен против Ајакс.

Лига на Шампиони

Без победник на натпреварите од групата Д, двата дуели завршија со идентични 2-2.

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа уште еден возбудлив натпревар, Германците минути ги делеа од нова победа, но Озил им донесе бод на Кралевите.

Борусија Дортмунд поведе со прекрасен погодок на Ројс во 28. минута од натпреварот.

Шест минути подоцна по нафрлување од Озил, Пепе со глава реализира за израмнување на 1-1.

Пред самиот крај на првото полувреме ново водство за Борусија Дортмунд, Геце постигнува гол за 2-1, можеби последен со топката играше Арбелоа бидејќи официјално нему му е препишан погодокот.

Реал Мадрид тргна многу подобро во второто полувреме и веднаш постигна гол, Каљехон реализираше, но погодокот беше поништен поради офсајд, контроверзен погодок.

Кралевите продолжија со нападите, Борусија Дортмунд се обидуваше од контра напади.

Во 89. минута конечно гол за домаќините, Озил од слободен удар ја тресе мрежата на Дортмунд за конечни 2-2.

Манчестер Сити влезе како голем фаворит во дуелот со Ајакс, но повторно не успеа да победи, натпреварот заврши 2-2.

Со два убави погодоци на Де Јонг во 10. и 17. минута, Ајакс дојде до водство од 2-0 на Емирати стадионот.

Во 22. минута Јаја Туре постигнува прекрасен гол за намалување на 2-1.

На 15 минути до крајот Агуеро го израмнува резултатот на 2-2.

Во самиот финиш од натпреварот се случи контроверзен момент кој го навлече гневот кај домаќините.

Балотели беше фаулиран во шеснаесетникот и тоа беше чист пенал, но судијата претходно свирна крај иако топката паѓаше во шеснаесетникот на Ајакс.

По четири одиграни кола во групата Д, Борусија Дортмунд е прва со осум бода, Реал Мадрид има седум, Ајакс четири, Манчестер Сити е последен со само два бода.