24фудбал

Манчини: Манчестер Сити не е подготвен за триумф во ЛШ

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини вели дека тие сеуште не се тим способен за триумф во најелитното европско натпреварување

Лига на Шампиони

По првите три кола од групната фаза, ’Граѓаните’ имаат само еден освоен бод и се соочуваат со рана елиминација, втора година по ред.

Роберто Манчини нема да се откажува од пласман во нок-аут фазата се додека Манчестер Сити има математички шанси, но Италијанецот е свесен дека е потребно чудо за неговиот тим да го продолжи настапот во Лигата на Шампионите.

„Доколку победиме на следните три натпревари, се може да се случи” – рече Манчини на прес конференцијата. „Патот е многу долг”.

„Ова е наша втора година во Лигата на Шампионите, па потребно ни е поголемо искуство како тим. Исто така потребно ни е и малку среќа.“

„Втора година по ред се наоѓаме во тешка група, исто така направивме неколку грешки на дуелите со Реал и Ајакс”.

„Против Борусија Дортмунд заслуживме да бидеме поразени, но успеавме да освоиме бод. Против Мадрид и Ајкс имавме шанси да победиме, но останавме со празни раце”.

Италијанецот потоа додаде: „Манчестер Сити не е подготвен за триумф во Лигата на Шампионите, потребно е да се подобриме”.

„Има неколку тимови што се подобри од нас бидејќи секоја година играат во ова натпреварување”.

„Челзи долги години се обидуваше да триумфира, и успеа да стигне до трофејот од Лигата на Шампионите минатата сезона, веројатно кога не заслужи да го освои. Пред три или четири години заслужија да го освојат трофејот, тогаш беа најдобри во Европа”.

Во пресрет на денешниот натпревар со Ајакс, на кој Сити мора да победи, Роберто Манчини се соочува со голем број на повредени фудбалери.

„Неколку важни фудбалери се повредени, но кога имате вакви проблеми, време е другите фудбалери да истапат и да понудат повеќе”.

„Ова е последна шанса за нас”.