24фудбал

Манчестер Јунајтед свечено ќе открие статуа од Сер Алекс

’Црвениоте Ѓаволи’ соопштија дека статуа од Сер Алекс Фергусон ќе биде поставена пред Олд Трафрод на 23. ноември

Англија

Манчестер Јунајтед со статуа од скулптуристот Фил Џексон ќе му оддаде признание на Сер Алекс Фергусон, кој беше именуван за менаџер на ’Црвените Ѓаволи’, на овој ден, пред 26 години.

Статуата свечено ќе биде откриена на 23. ноември, еден ден пред дуелот со КПР.

Соопштението на тимот од Олд Трафорд гласеше: „Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека статуа од најуспешниот фудбалски менаџер во Британија ќе биде свечено откриена на 23. ноември”.

„Настанот ќе се случи еден ден пред дуелот со КПР, истиот противник што Сер Алекс го имаше на својот прв домашен натпревар на 22. ноември 1986”.

„Статуата од скулптуристот Фил Џексон е направена за да се одбележат 25. години од престојот на Сер Алекс на кормилото на Манчестер Јунајтед”.

„Статуата ќе биде поставена на видно место во близина на влезот на Сер Алекс Фергусон Трибината, порано позната како Северна Трибина, која минатата година беше преименувана во негова чест”.

„Клубот исто така ќе открие илустрации на Сер Алекс Фергусон Трибината со кои ќе бидат прикажани достигнувањата што тој ги оствари во престојот на Олд Трафорд”.