24фудбал

Клоп: Ако го искористиме нашето оружје, можеме до добар резултат

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп има почит кон Реал Мадрид, но верува во квалитетите на својот тим и добар резултат од Сантијаго Бернабеу.

Лига на Шампиони
Вечерва во Мадрид, Реал го пречекува тимот на Борусија Дортмунд во натпревар од четвртото коло во Лигата на Шампионите.
 
Германскиот шампион успеа на свој терен да го совлада Реал Мадрид, но Клоп е свесен дека ќе биде ѓаволски тешко истото да се случи и на Бернабеу.
 
„Ми се допаѓа Сантијаго Бернабеу и се надевам дека ќе уживам во атмосферата на натпреварот" - изјави Јирген Клоп.
 
„Не размислувам за тоа кој ќе ја освои Лигата на Шампионите, насочени сме само на настаните во групната фаза".
 
„Секој тим во ова натпреварување може да го освои трофејот. Ние одиме чекор по чекор".
 
„Не сме толку лоши колку што покажува табелата во Бундеслигата, поефективни сме во Лигата на Шампионите".
 
„Треба да внимаваме на сите фудбалери на Реал Мадрид. Ние сме добри по крилните позиции и доколку правилно го искористиме нашето оружје, можеме да им креираме проблеми".
 
„Моите фудбалери имаат одличен менталитет. Има 20 многу добри клубови во светот и Реал Мадрид е еден од нив, но и ние сме меѓу нив".
 
„Мурињо е многу добар тренер, еден од најдобрите, многу интересен и одличен колега".