24фудбал

Киднапирана сестрата на Хулк

Сестрата на Хулк, Анжелика Виеира е киднапирана во Бразил, полицијата која трага по киднаперите, го потврди случајот.

Јужна Америка
Синоќа во Бразил била киднапирана сестрата на напаѓачот на Зенит, Хулк.
 
22-годишната Анжелика Виеира била грабната од сопствениот автомобил пред ресторанот во кој работела и пренесена во возилото на киднаперите.
 
Полицијата трага по сторителите на делото кои најверојатно ќе бараат откуп од богатиот фудбалер.
 
Хулк поради повреда две недели ќе биде надвор од теренот, па раководството на Зенит му дозволи да се врати во родниот Бразил.
 
Ваквите случаеви не се нешто непознати во Јужна Америка и Африка, често се случува членови од семејството на познатите фудбалери да бидат киднапирани и за нивно ослободување да се бара голем паричен надомест.