24фудбал

Рома ќе ги разгледа понудите за Де Роси

Спортскиот директор на Рома, Франко Балдини признава дека сите понуди што ќе пристигнат за Даниеле Де Роси ќе бидат разгледани

Италија

Летоска, Манчестер Сити се обиде да го ангажира италијанскиот репрезентативец, но ’Римската Волчица’ реши да ја одбие понудата и да ја задржи својата ѕвезда.

Даниеле Де Роси не е во најдобар однос со тренерот Зденек Земан, па се појавија стории кои велат дека фудбалерот ќе замине во јануари, но од таборот на Рома минатиот месец ги негираа ваквите гласини.

Спортскиот директор на Рома, Франко Балдини сега вели дека тие ќе ги разгледаат сите понуди, но ова не значи дека Де Роси ќе биде продаден.

„Летоска добивме понуда од Манчестер Сити” – рече Балдини за Sky Sport Italia. „Ја слушнавме понудата и размисливме добро”.

„ Доколку добиеме нова понуда, ќе ја разгледаме, но лесно може да ја одбиеме, исто како што сторивме летоска”.