24фудбал

Јаневски го објави списокот за пријателскиот натпревар против Словенија

Селекторот на македонската репрезентација, Чедомир Јаневски го објави списокот за натпреварот против Словенија, на него не се најдоа Пандев, Новески и Попов, прв повик за Блажевски, Цикарски и Јаховиќ.

Македонија
Чеде Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за пријателскиот натпревар против Словенија.
 
Поради згуснатиот распоред на нивните клубови, Јаневски им даде одмор на Горан Пандев, Николче Новески и Стефан Ристовски, а во составот ги нема и Глигоров и Шумуликоски.
 
Горан Попов и Стевица Ристиќ кои беа отстранети од составот поради недисциплина пред натпреварот против Србија, исто така не се на списокот од 20 фудбалери.
 
Одличните игри на фудбалерот на Турново, Дејан Блажевски му го обезбедија првиот повик во репрезентацијата на Македонија, деби настап ќе имаат и Цикарски од Вардар и Јаковиќ од Цирих.
 
Натпреварот се игра на 14. ноември на Арената Филип Втори во Скопје со почеток од 18 часот.
 
Голмани:
 
Мартин Богатинов – Карпати
Томе Пачовски – Мехелен
 
Одбрана:
 
Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив
Александар Тодоровски – Полониа Варшава
Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт
Мите Цикарски – Вардар
Ванче Шиков – Волин
Бојан Марковски – Аполон
Александар Лазевски – Партизан
 
Среден ред:
 
Дејан Блажевски – Турново
Мухамед Демири – Тун
Остоја Стјепановиќ – Вардар
Ферхан Хасани – Волфсбург
Дарко Тасевски – Шмона Киријат
 
Напад:
 
Александар Трајковски – Зулте Варегем
Иван Тричковски – Клуб Бриж
Агим Ибраими – Марибор
Драган Ѓоргиев – Вардар
Мирко Ивановски – Астра Плоешти
Адис Јаховиќ – Цирих