24фудбал

Роналдо: Го почитувам Меси но не сме пријатели

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вели дека го почитува Лео Меси, и покрај тоа што најдобриот фудбалер на Барса не е негов пријател

Шпанија

Често се пишува за големото ривалство помеѓу Португалецот и Аргентинецот, но Кристијано Роналдо вели дека нема никаков проблем со Лео Меси.

Роналдо дури е отворен за идеата да игра заедно со Меси, но за тоа да се случи Лео ќе треба да направи трансфер од Барселона во Реал Мадрид.

„Медиумите скоро пет години прават споредби помеѓу мене и Меси, секогаш е исто” – рече Португалецот во интервју за beIN Sport.

„Не можам да го променам тоа, не работам во весниците, не работам во телевизиите, па не можам да го контролирам ова. Тие обожаваат да прават споредби”.

„Треба само да си ја вршам сопствената работа, да работам напорно, да постигнувам погодоци и да го давам максимумот за тимот. Не ми пречи што медиумите зборуваат за Меси”.

CR7 потоа истакна дека аргентинскиот волшебник е топ фудбалер, и додава дека нивниот однос е чисто професионален.

„Меси е одличен фудбалер. Имаме професионален однос. Не сум му пријател бидејќи не сме дел од иста соблекувална ниту пак одмиме заедно на вечера, но го почитувам како професионалец”.

„Да играм заедно со Меси? Зошто да не? Нема да има проблем... доколку пристигне тука ќе играме заедно, многу е потешко јас да отидам таму”.