24фудбал

Одржан турнир во СГГУ Здравко Цветсковски во организација на првата детска амбасада Меѓаши

Во организација на првата детска амбасада во светот, Меѓаши синоќа во средното училиште Здравко Цветковски во Скопје се одржа фудбалски турнир.

Останато
Се натпреваруваа екипи од три средни училишта: гимназијата Никола Карев, СГГУ Здравко Цветковски и СМУГС Д-р Панче Караѓозов. 
 
Пред самиот крај на натпреварот од победничките екипи (машки и женски) беа формирани мешовити групи по пол и етничка припадност, кои го одиграа финалниот меч. 
 
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши од април 2011. започна со спроведување Програма за мировно образование со цел промовирање на мирот и ненасилството како основни вредности на кои треба да им се посвети поголемо внимание.
 
Мировното образование се темели на потребата од превенција на насилството и превенција на можни нови судири. 
 
На полето на превенцијата не се преземаат доволно активности во училиштата и тоа е една од причинините што младите од различни етнички групи се оптоварени со предрасуди, а тоа често завршува со конфликтни ситуации, тепачки, навредувања...а некои за жал со уште потешки последици.
 
Спортот и спортските активности претставуваат една од можностите за надминување и на предрасудите и стереотипите меѓу младите и токму затоа, тие се неделив сегмент од програмата за Мировно образование.