24фудбал

Пандев: Хрватска и Србија ќе паднат во Скопје!

Капитенот на Македонија, Горан Пандев верува дека со поддршката на фановите, ’Црвено-жолтите’ ќе слават во дуелите со Хрватска и Србија на Арената Филип Втори

Македонија

И покрај тоа што избраниците на Чеде Јаневски одиграа добро на гостувањата во Загреб и Глазгов, Македонија освои само бод од првите два натпревари во квалификациите за СП 2014.

’Црвено-жолтите’ следниот месец ги пречекуваат Хрватска и Србија, и нашиот капитен Горан Пандев верува дека со поддршка на фановите, фаворитите ќе паднат на Арената Филип Втори.

На својот Фејсбук профил, Пандев напиша: “Игравме добро, имавме шанси, а освоивме само еден бод на овие две тешки гостувања...”

“Се надевам дека со повеќе среќа и иста желба за победа како на претходните натпревари, и со нашиот 12. играч - публиката, ќе паднат големите фаворити Хрватска и Србија...”

“НАПРЕД МАКЕДОНИЈА.”