24фудбал

Фергусон: Ван Перси сакаше трансфер само во Манчестер Јунајтед

Фергусон открива дека огромна била желбата на Ван Перси да се пресели на Олд Трафорд, според него Холанѓанецот не би заминал од Арсенал во ниту еден друг клуб освен Манчестер Јунајтед.

Англија
Манчестер Јунајтед денеска го комплетираше трансферот на Робин ван Перси од Арсенал вреден 24 милиони фунти, напаѓачот потпиша четиригодишен договор со Црвените Ѓаволи.
 
Кога Робин ван Перси најави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, никој не веруваше дека би помислил да потпише за најголемиот ривал на Топџиите, Манчестер Јунајтед.
 
Дури се веруваше дека Холанѓанецот нема да заигра во друг англиски клуб, но според зборовите на Фергусон, Манчестер Јунајтед бил единствената желба на Ван Перси.
 
"Момчето сакаше да дојде тука, тој одби многу клубови" - изјави Фергусон за MUTV.
 
"Доколку тој не му соопштеше на Арсенал дека сака да оди во Манчестер Јунајтед, трансферот немаше да се реализира".