24фудбал

Манчини: Со ангажманот на Ван Перси, Јунајтед е фаворит за титулата

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини верува дека со ангажманот на Робин ван Перси, Манчестер Јуанјтед е главен кандидат за титулата во Премиерлигата

Англија

Холанѓанецот утрово го комплетираше трансферот на Олд Трафорд, и се очекува да дебитира во дреост на ’Црвените Ѓаволи’ веќе во понеделник на дуелот со Евертон.

Роберто Манчини верува дека со ангажманот на Ван Перси, Манчестер Јунајтед сега е фаворит за титулата во Премиерлигата.

Менаџерот на ’Граѓаните’ рече: “Робин ван Перси е топ фудбалер, беше најдобар напаѓач минатата сезона.”

“Заедно со Вејн Руни, Манчестер Јунајтед ќе има еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Премиерлигата.”

“Секој тим што ќе го купи Ван Перси ќе биде подобар, и бев сериозен минатата недела кога реков дека Манчестер Јунајтед е фаворит.”

“Тие се борат за титулата секоја сезона во последните 20 години. Ние не можеме да ја поправиме ситуацијата во една година.”

Манчестер Сити исто така го посакуваше Ван Перси, но Манчини вели дека тие немале никакви шанси за една ваква зделка.

“Верував дека тој или ќе остане во Арсенал, или ќе потпише за некој друг тим, но не со нас.”

“Ние веќе имаме четири напаѓачи. Беше невозможно да ангажираме уште еден.”