24фудбал

Вермален ќе биде новиот капитен на Арсенал

Томас Вермален е именуван за нов капитен на Арсенал откако Робин ван Перси го напушти клубот преминувајќи во Манчестер Јунајтед.

Англија
Арсен Венгер потврди дека Томас Вермален ќе биде новиот капитен на Арсенал, додека Микел Артета ќе биде неговиот заменик.
 
Вермален му беше заменик на Ван Перси, па логично, сега ќе биде прв капитен на клубот.
 
На денешната прес конференција, Арсен Венгер ги потврди одлуките.
 
"Вермален и Артета се избраните" - вели Венгер.
 
"Вермален беше заменик капитен, па лесна беше одлуката. Мислам дека имаме повеќе потенцијални капитени во тимот, но во моментов ќе биде така"