24фудбал

Ван Перси пристигна на медицински прегледи во Манчестер

Новото засилување на Јунајтед, Робин ван Перси вечерва пристигнал во болницата Бриџвотер каде што треба да ги помине медицинските тестови пред да го комплетира трансферот.

Англија
Манчестер Јунајтед и Арсенал синоќа го договорија трансферот на Робин ван Перси, па сега останува уште да се завршат формалностите за зделката да биде комплетирана.
 
Вечерва Робин ван Перси пристигнал во болницата Бриџвотер каде што треба да ги помине медицинските тестови пред да стави потпис на договорот.
 
Според англиските медиуми, Ван Перси ќе потпише четири годишен договор со неделна плата од 235 000 фунти.
 
Се очекува официјалното деби во дресот на Манчестер Јунајтед, Ван Перси да го има уште во понеделник кога Црвените Ѓаволи се среќаваат со Евертон во натпревар од првото коло во Премиерлигата.