24фудбал

Венгер: Јунајтед е наш непријател, боли што го продадовме Ван Перси на нив

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека тој преферирал продажба на Робин ван Перси на клуб надвор од Англија, како што е ПСЖ

Англија

’Топџиите’ вчера постигнаа договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на Ван Перси, вреден помеѓу 20 и 24 милиони фунти.

Холанѓанецот е првиот фудбалер што Арсен Венгер му го продава на својот голем ривал Сер Алекс Фергусон, и Французинот признава дека преферирал Ван Перси да биде продаден на клуб надвор од Англија.

“Да се засили непријател, е уште една негативна работа во целата ситуација.” – рече Венгер за TF1.

“Сакавме да го избегнеме ова, но не можевме. Искрено, преферирав тој да завршеше во некој клуб од странство, во ПСЖ на пример.”

“Манчестер Јунајтед добро го познава, ги знае сите негови квалитети. Се работи за навистина извонреден фудбалер, верувајте ми.”

Менаџерот на Арсенал потоа додаде: “Ван Перси е одличен фудбалер, па секогаш е жално кога ќе изгубите таков играч.“

“Но потребно е да ја земеме во предвид економската реалност и желбата на фудбалерот.”

“Кога нема да успеете да ја продолжите верноста на фудбалер што има само уште 12 месеци од договорот, немате друг избор освен да го продадете.”

“Жално е бидејќи тој играше осум години за нас. Сега има 29. Имаше 21 кога пристигна, и ова е уште една работа што ви остава горчина во устата.”

“Многу работи се случија и претходно, тогаш успеавме да ги преживееме, но пред нас сега е вистински предизвик бидејќи Ван Перси постигна 30 погодоци во Премиерлигата минатата сезона, речиси по еден на натпревар.”

“Ова е голем предизвик за нашите нови напаѓачи кои треба да го заменат.”