24фудбал

Венгер: Немавме друг избор, моравме да го продадеме Ван Перси

Арсен Венгер вели дека Арсенал немал друг избор освен да го продаде Робин ван Перси на Манчестер Јунајтед, бидејќи напаѓачот имал само уште една година од договорот

Англија

’Топџиите’ и ’Црвените Ѓаволи’ вечерва соопштија дека постигнале договор за трансфер на Ван Перси на Олд Трафорд.

Холанѓанецот е првиот фудбалер што Арсен Венгер му го продава на лутиот ривал Сер Алекс Фергусон, но менаџерот на Арсенал вели дека тие немале друг избор.

За TF1 Венгер рече: “Жално е кога ќе загубите фудбалер од негова класа.”

“Но немавме друг избор, тој имаше само уште една година од догворот.”

“Исто така, веќе ангажиравме негова замена.”

Ван Перси, кој е обврзан кон Арсенал до 30. јуни, минатиот месец соопшти дека нема да стави потпис на нов договор, па ги примора ’Топџиите’’ да го продадат ова лето.

Се говори дека Арсенал од продажбата на Ван Перси ќе инкасира помеѓу 20 и 24 милиони фунти (помеѓу 25 и 30 милиони евра).

Холанѓанецот утре ќе пристигне во Манчестер за да ги договори личните услови и да ги помине лекарските прегледи.