24фудбал

Официјално: Манчестер Јунајтед и Арсенал го договорија трансферот на Ван Перси

’Црвените Ѓаволи’ и ’Топџиите’ постигнаа договор за трансфер на Робин ван Перси на Олд Трафорд, Холанѓанецот утре ќе отпатува за Манчестер

Англија

Холанѓанецот минатиот месец соопшти дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, па беше јасно дека тој ќе замине од Емирати Стадионот ова лето.

Арсен Венгер постојано велеше дека не сака да го продаде Робин ван Перси, но вечерва Арсенал и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за трансфер на напаѓачот.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека постигна договор со Арсенал за трансфер на Робин ван Перси.” – гласеше соопштението на ’Црвените Ѓаволи’.

Ван Перси, кој во моментов е на должност со ’Лалињата’, утре ќе пристигне во Манчестер Јунатјед за да ги договори личните услови и да ги помине лекарските прегледи.