24фудбал

Енрикез: Го остварив сонот со трансферот во Манчестер Јунајтед

Талентираниот Анхело Енрикез вели дека е среќен со преселбата на Олд Трафорд и остварувањето на сонот да заигра за Манчестер Јунајтед

Англија

18 годишниот Чилеанец веќе ги комплетираше лекарските прегледи со ’Црвените Ѓаволи’ и се очекува наскоро да пристигне официјална потврда за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Во скоро време Анхело Енрикез ќе се сретне со Сер Алекс Фергусон, и ќе биде одлучено дали фудбалерот ќе остане на Олд Трафорд или пак ќе биде испратен на позајмица.

“Премногу сум среќен што се селам во Манчестер Јунајтед. Ми се оствари сонот.” – рече тој.

“Одам онаму каде што сакав. На телевизија ги гледате извонредните фудбалери како постигнуваат спектакуларни голови. Не можев да ја пропуштам оваа шанса.”

“Не е јасно што ќе се случи со мојата иднина.”

“Сакам да играм за првиот тим на Манчестер Јунајтед. Тоа е мојата прва желба.”

“Доколку тие одлучат да ме пратат на позајмица, преферирам да останам во Универсидад де Чиле.”

“Сепак, ќе го сторам она што Јунајтед ќе го побара од мене.”