24фудбал

Јунајтед блиску до ангажман на Анхело Енрикез

Според пишувањата на медиумите од Англија и Чиле, талентираниот Анхело Енрикез отпатувал за Манчестер на медицински прегледи со ’Црвените Ѓаволи’

Англија

18 годишниот напаѓач подолго време е следен од скаути на Манчестер Јунајтед, и се верува дека ’Црвените Ѓаволи’ имаат прелиминарен договор со Универсидад де Чиле за трансфер на Анхело Енрикез на Олд Трафорд.

Во последно време Манчестер Сити пројавува силен интерес за услугите на Енрикез, и се шпекулира дека ’Граѓаните’ се обидуваат да го украдат Чилеанецот пред својот лут градски ривал.

Сепак, медиумите од Англија и Чиле се убедени дека Манчестер Јунајтед ќе ја добие битката за услугите на Енрикез.

Извештаите велат дека фудбалерот веќе заминал за Манчестер на лекарски прегледи со ’Црвените Ѓаволи’.

Се очекува во скоро време да пристигне и официјална потврда за трансферот.