24фудбал

Ферги директно контактирал со Венгер, Ван Перси пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Според англиските медиуми, Фергусон директно контактирал со Венгер за ангажман на Ван Перси и во наредните 48 часа се очекува Јунајтед да испрати понуда од преку 20 милиони фунти за Холанѓанецот.

Англија
Фергусон најпрво извиси во трката за услугите на Еден Азар, не успеа да ја добие ниту битката за Лукас Мура, па сега е одлучен по секоја цена да го донесе Ван Перси на Олд Трафорд.
 
За таа цел, Фергусон директно контактирал со Арсен Венгер, менаџерот на Манчестер Јунајтед сакал да го има Ван Перси во тимот до сабота кога започнува новата сезона во Премиерлигата.
 
Се очекува во наредните 48 часа Манчестер Јунајтед да испрати понуда од над 20 милиони фунти за Ван Перси, сума која ќе ги задоволи челниците на Арсенал и трансферот ќе биде реализиран.
 
Робин ван Перси се поврзуваше и со Јувентус и Сити, но се поизгледно е дека Манчестер Јунајтед ќе ја добие битката по неговиот потпис.
 
Ван Перси беше исвиркуван од фановите на Арсенал за време на пријателскиот натпревар против Келн кога напаѓачот влезе како замена во текот на вториот дел.