24фудбал

Вермален се надева дека Ван Перси ќе остане во Арсенал

Вермален вели дека Ван Перси тренира нормално и тој се надева дека холандскиот напаѓач ќе остане на Емирати.

Англија
Утре во пријателски натпревар Томас Вермален и Робин Ван Перси ќе бидат противници, Белгија игра против Холандија.
 
Дефанзивецот на Арсенал се надева дека нема да биде така и во текот на сезоната и Робин ван Перси ќе остане на Емирати.
 
"На тренинзите ми изгледа фит и во добра форма" - вели Вермален.
 
"Работи напорно, работи на својот фитнес. Не можам да видам ништо друго, се надевам дека и во наредните четири години ќе остане во Арсенал".
 
"Не знам дали ќе остане. Но се надевам дека тоа ќе се случи. Не знам што се случува зад сцената, но во моментов можам да кажам дека тој е фудбалер на Арсенал".
 
"Позитивно гледам кон новата сезона. Доколку бидеме фит, составот е доволно силен да се бори за титулата".