24фудбал

Реал Мадрид нема да плати 35£ милиони за Лука Модриќ

Според пишувањата на медиумите од Шпанија и Англија, Флорентино Перез не е подготвен да плати 35 милиони фунти (околу 45 милиони евра) за ангажман на Лука Модриќ

Шпанија

Менаџерот на Тотенхем, Андре Вилаш Боаш откри дека три клубови се обидуваат да стигнат до потписот на Лука Модриќ, и нагласи дека Хрватот ќе замине само доколку тие добијат соодветна понуда.

Се шпекулира дека Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед се клубовите кои се интересираат за Модриќ, а исто така се говори дека плејмејкерот веќе ја известил управата на ’Спарси’ дека посакува само преселба на Сантијаго Бернбау.

За услугите на Модриќ, Тотенхем бара 35 милиони фунти (околу 45 милиони евра), но според медиумите од Шпанија и Англија, Реал Мадрид нема намера да плати толку.

Извештаите велат дека претседателот на ’Кралевите’, Флорентино Перез е потготвен да одвои само 35 милиони евра (околу 27 милиони фунти).

Медиумите го цитираат Перез како вели: “Лимитот за трансферот на Модриќ е 35 милиони евра. Нема да платиме повеќе од оваа сума.“