24фудбал

Ибра: ПСЖ прави дрим тим, кој не би сакал да биде дел од ова

Златан Ибрахимовиќ вели дека во ниту еден момент не се двоумел за трансфер на Паркот на Принцовите, и додава дека ПСЖ е тимот на иднината

Франција

Милан минатата недела ја прифати понудата на ПСЖ за Тиаго Силва и Златан Ибрахимовиќ, а репрезентативецот на Бразил со саботата го комплетираше трансферот на Паркот на Принцовите.

По неколку дневни преговори помеѓу агентот на Златан Ибрахимовиќ и лидерите на ПСЖ, двете страни вчера успеаа да постигнат согласност за личните услови на напаѓачот, па Швеѓанецот денеска стави потпис на тригодишен фудбалер и официјално стана ново засилување на ’Светците’.

Попладнево, на прес конференција, на која присуствуваа претседателот на клубот, Насер Ал Келафи и спортскиот директор Леонардо. Ибра беше презентиран пред медиумите.

“Жалам што чекавте толку.” – рече напаѓачот. “Сакам да им се заблагодарам на лидерите на ПСЖ за напорната работа. Невозможното го претворија во возможно. Дојдов тука за да победувам.”

“Среќен сум, конечно сум фудбалер на ПСЖ. Се работи за интересен проект, и сакам да бидам дел од него.”

“ПСЖ прави дрим тим, кој не би сакал да биде дел од нешто вакво. Ова е тимот на иднината.”

“Сакам да испишам нова историја за клубот. Сигурен сум дека ќе бележиме победи и ќе освоиме многу трофеи.”

Запрашан дали ПСЖ ќе биде негов последен клуб, Ибра одговори: “Кога бев дел од Милан мислев дека Милан ќе биде мојот последен клуб, но во фудбалот никогаш не знаете што носи иднината.”

“Никој од Милан не влијаеше на мојата одлука. Мој личен избор беше да пристигнам во ПСЖ.”

“Во моментот кога лидерите на ПСЖ стапија во контакт со моите агенти, знаев дека ќе се преселам на Паркот на Принцовите.”

За нивото на ПСЖ и првенството на Франција, Ибра рече: “Верувам дека ПСЖ е одличен тим, но тоа треба да го покажеме долу на теренот. Нема многу вакви тимови.”

“Сега откако сонот стана јаве, мораме да ја покажеме правата вредност.”

“Вистина е дека не знам многу за Лига 1 и за фудбалерите што играат тука, но сигурен сум дека тие ме знаат мене.”