24фудбал

Официјално: ПСЖ ги ангажираше Ибра и Верати

’Светците’ го потврдија ангажманот на Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати, Швеѓанецот стави потпис на тригодишен договор, Италијанецот се обврза до 2017

Франција

Уште вчера беше познато дека по ангажманот на Езекиел Лавеци и Тиаго Силва, ПСЖ ќе се засили со Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати.

Младиот Италијанец уште вчера ги помина лекарските прегледи, а утрово стави потпис на петгодишен договор со што официјално стана нов фудбалер на ПСЖ.

“Марко Верати од Пескара, е нов фудбалер на ПСЖ. Италијанецот стави потпис на петгодишен договор.“ – гласеше соопштението на ’Светците’.

Ибра, кој вчера во вечерните часови пристигна во Париз, утрово ги помина редовните лекарси прегледи и стави потпис на тригодишен договор.

“Златан Ибрахимовиќ е ново засилување на ПСЖ, Швеѓанецот стави потпис на тригодишен договор.“ - гласеше второто известување на ’Светците’.

Во моментов, на Паркот на Принцовите во тек е прес конференција на која ПСЖ пред медиумите ги презентира Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати како нови засилувања.