24фудбал

Падна договор, Ибрахимовиќ пристигнува во Париз

ПСЖ ги договори личните услови на Златан Ибрахимовиќ, шведскиот репрезентативец вечерва ќе пристигне во Париз да го комплетира трансферот

Франција

По неколку дневни преговори помеѓу агентот на Златан Ибрахимовиќ и лидерите на ПСЖ, двете страни успеаа да постигнат согласност за личните услови на напаѓачот.

Ваквата вест попладнево ја потврдија Мино Раиола и Леонардо, кои по крајот на состанокот изјавија дека се е договорено.

“Постигнавме согласност, зделката е комплетирана.“ – рече спортскиот директор на ’Светците’. “Златан Ибрахимовиќ е фудбалер на ПСЖ.“

Медиумите од Франција пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ вечерва ќе пристигне во Париз.

Во среда наутро Ибра ќе замине на редовни лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на тригодишен договор.

’Светците’ на својата веб страна соопштија дека утре во 15 часот ќе биде одржана прес конференција на која ќе присуствува претседателот на клубот, Насер Ал Келафи и спортскиот директор Леонардо.