24фудбал

Кака одново на агендата на ПСЖ

Според пишувањата на L’Equipe, ПСЖ го обновува интересот за плејмејкерот на Реал Мадрид, Кака

Франција

’Светците’ веќе се засилија со Езекиел Лавеци и Тиаго Силва, а на чекор до преселба на Паркот на Принцовите се Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати.

Но лидерите на ПСЖ нема да запрат тука, и според денешното издание на L’Equipe тие ќе го обноват интересот за Кака.

Спортскиот директор Леонардо и тренерот Карло Анчелоти никогаш не криеле дека се отворени за ангажман на Кака, доколку постојат услови за една ваква зделка.

Се верува дека Жозе Мурињо веќе дал зелено светло за трансфер на Кака, и ’Кралевите’ сакаат со продажбата на Бразилецот да го финансираат ангажманот на Лука Модриќ.

L’Equipe додава дека Кака во минатото се колебал околу идејата да се пресели во Париз, но би можел да го промени својот став кога ќе види дека Златан Ибрахимовиќ пристигнува на Паркот на Принцовите.