24фудбал

L’Equipe: Ибра и Верати нови фудбалери на ПСЖ во следните 48 часа

Според пишувањата на L’Equipe, Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати во следните 48 часа ќе станат нови фудбалери на ПСЖ

Франција

Лидерите на ПСЖ изминатиов викенд одржаа серија разговори со Мино Раиола, агентот на Златан Ибрахимовиќ, и двете страни не успеаа да постигнат согласност за личните услови на напаѓачот.

Денешното издание на L’Equipe вели дека преговорите ќе продолжат и во текот на денов, и се очекува конечно да биде постигнат договор според кој Ибра ќе заработува околу 14 милиони евра по сезона.

Весникот додава дека трансферот на Ибра на Паркот на Принцовите, вреден околу 20 милиони евра, официјално ќе биде потврден во текот на денов или пак утре.

L’Equipe исто така пренесува дека ’Светците’ во следните 48 часа ќе го комплетираат и трансферот на Марко Верати.

Младиот Италијанец во текот на денов треба да пристигне во Париз, за да ги комплетира редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Се верува дека за услугите на 19 годишниот Верати ПСЖ ќе плати 11 милиони евра, плус 4 додатни милиони евра во бонуси.