24фудбал

Бенто: Немавме среќа

Селекторот на Португалија Пауло Бенто смета дека неговиот тим немал среќа во воведниот натпревар на европското првенство против Германија.

ЕУРО 2016
Португалија со пораз од Германија го започнува европското првенство.
 
Тимот на Пауло Бенто имаше неколку одлични можности за погодок, на два пати ја погодуваа и пречката од голот на Мануел Нојер.
 
Селекторот на Португалците смета дека среќата им го свртела грбот, но веднаш мора да се размислува на дуелот со Данска.
 
"Разочаран сум од резултатот, го контролиравме натпреварот и се браневме добро" - изјави Бенто.
 
"Немавме среќа, два пати ја погодивме пречката, тие имаа среќа при постигнувањето на голот на Гомез".
 
"Но тоа е тоа, сега треба да ги подготвиме фудбалерите за дуелот протид Данска".