24фудбал

Лев: Добар старт, но треба да бидеме подобри

Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев е задоволен по стартната победа на европското првенство, но смета дека има простор за напредок.

ЕУРО 2016
Со голот на Марио Гомез во 72. минута, Германија ја победи Португалија со 1-0 во натпревар кој не изобилуваше со фудбалска убавина.
 
Германците победија и Лев е задоволен поради тоа, но е свесен дека има простор за напредок.
 
"Натпреварот беше изедначен, како и да е победата ни дава добар старт на турнирот" - изјави Лев.
 
"Одигравме добро во дефанзивата, работевме напорно што не беше секогаш случај во подготвителните натпревари".
 
"Натпреварот имаше повеќе фази, падови и успони, треба да бидеме поконстантни во иднините дуели".