24фудбал

Меси го сруши рекордот на Герт Милер

Лионел Меси постигна хет-трик на дуелот против Малага и го сруши рекордот на Герт Милер за најмногу постигнати голови во една сезона, Аргентинецот дојде до бројката од 68 погодоци.

Лига на Шампиони
Лео Меси го сруши рекордот на Герт Милер, Аргентинецот вечерва го постигна својот 68 гол сезонава и стана фудбалерот со најмногу погодоци во една сезона во историјата на европскиот фудбал.
 
Меси вечерва три пати ја тресеше мрежата на Малага, Барселона победи убедливо со 4-1.
 
Во текот на оваа сезона Меси со само 24 години стана најдобриот стрелец во историјата на Барселона.
 
Тој стана и првиот фудбалер во Лигата на Шампионите кој постигна пет голови на еден натпревар.