24фудбал

Роналдо блескаше на Висенте Калдерон, Реал Мадрид се врати на +4

Кристијано Роналдо одигра фантастичен натпревар, постигна хет-трик и му донесе многу значајни три бода на Реал Мадрид од тешкото гостување на Висенте Калдерон.

Шпанија
Кристијано Роналдо вечерва беше херојот на Кралевите, Португалецот беше вистински лидер во победата на Реал Мадрид од 4-1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид.
 
Реал Мадрид го преживеа тешкото гостување кај градскиот ривал и ја врати предноста од четири бода во однос на Барселона.
 
Натпреварот беше отворен во 25. минута кога Кристијано Роналдо постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
Во 55. минута од натпреварот Фалкао постигнува погодок со глава за израмнување на 1-1.
 
Паника во редовите на Реал Мадрид дека можеби без целиот плен ќе го завршат и овој натпревар.
 
Кралевите тргнаа со сите сили во напад, а во 68. минута нова бомба на Роналдо за ново водство на Реал Мадрид.
 
Во 83. минута беа решени сите дилеми на овој натпревар, Игуаин беше соборен во шеснаесетникот на Атлетико Мадрид, судијата покажа на белата точка.
 
Кристијано Роналдо сигурен од белата точка за водство на Реал Мадрид од 3-1.
 
Ова беше и 20. гостински гол во Примера за Роналдо оваа сезона, со што постави нов рекорд во шпанската лига.
 
Коначните 4-1 ги постави Каљехон на две минути пред крајот на натпреварот.
 
Со истиот резултат Валенсија го победи Рајо Ваљекано на Местаља.
 
Два гола постигна Жонас, по еднаш реализираа Алба и Пабло Хернандез за Валенсија, Коста го постигна погодокот за Ваљекано.
 
Гранада и Атлетик Билбао одиграа нерешено 2-2, Спортинг го победи Леванте со 3-2.