Агим Ибраими стрелец за Марибор во Лига Европа
Агим Ибраими го постигна единствениот гол за Марибор кој одигра 1-1 против Брага, Удинезе со 2-0 го победи Атлетико Мадрид
Во дерби натпреварот од третото коло во Лига Европа, Удинезе со два гола во финишот го совлада Атлетико Мадрид со 2-0.
Резултатот беше отворен дури во 88. минута кога Бенатиа погоди за радост на домаќините, во 92. Флорес ги постави конечните 2-0.
Со голот на нашиот интернационалец Агим Ибраими, Марибор во 14. минута поведе против Брага, но гостите со погодок во 44. на Елдерсон израмнија на 1-1.
Резултати од натпреварите кои започнаа од 19.00ч.:
Група Г
АЗ Алкмар - Австрија Виена 2:2
Малме - Металист 1:4
Група Х
Клуб Бриж - Бирмингем 1:2
Марибор - Брага 1:1
Група И
Рен - Селтик 1:1
Удинезе - Атлетико Мадрид 2:0
Група Ј
АЕК Ларнака - Шалке 0:5
Макаби Хаифа - Стеауа Букурешт 5:0
Група К
Оденсе - Твенте 1:4
Висла Краков - Фулам 1:0
Група Л
Локомотив Москва - АЕК 3:1
Штурм - Андерлехт 0:2
