24фудбал

Каранка: Знаеме колку е важно да го победиме Атлетико Мадрид

Асистент тренерот на Реал Мадрид, Аитор Каранка очекува тежок натпревар против Атлетико Мадрид и потенцира колку значајни се трите бода од Висенте Калдерон.

Шпанија
Реал Мадрид вечерва му гостува на Атлетико Мадрид во лов на три бода кои ќе бидат од исклучително значење во битката за шампионската титула.
 
Барса дојде до минус еден бод во однос на Реал Мадрид, па Кралевите немаат право на кикс во градското дерби.
 
Аитор Каранка се појави на прес конференцијата на Реал Мадрид, асистентот на Жозе Мурињо очекува тежок дуел против Атлетико но има верба во фудбалерите.
 
"На Атлетико Мадрид му се потребни бодови за да игра во Европа следната сезона. Таквата потреба за бодови и квалитетот кој го имаат ќе го направи натпреварот тежок за нас" - изјави Каранка на синоќешната прес конференција.
 
"Остануваат уште неколку натпревари до крајот, па освојување на бодовите е од исклучителна важност".
 
"Ние сме добри и фудбалерите се во врвна форма, гледаат позитивно на овој дуел. Знаеме колку е важно да забележиме победа".
 
"Веруваме во работата која ја извршуваме секојдневно. Работиме да ги израдуваме Мадридистите и не верувам дека некој се сомнева во работата на Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб или фудбалерите".
 
"Имаме голема верба во нашите фудбалери, не се сомневаме во нивната работа, резултатите зборуваат сами за себе".
 
"Понекогаш победува, но некогаш напорната работа не е доволна да се освојат трите бода".
 
"Тренерот на Атлетико Мадрид, Симеоне има карактер, неговото големо играчко искуство им го пренесе на фудбалерите, тие имаат добри резултати и ќе играат полуфинале во Лига Европа".
 
"Поддршката која ја добиваме од Мадридистите е основата на нашите одлични резултати. Поддршката која ни ја дадоа на нашиот последен натпревар ја покажува обединетоста помеѓу тимот и фан базата, тоа ќе одигра клучна улога до крајот од сезоната".