24фудбал

Барселона се доближи на бод до Реал Мадрид

Актуелниот шампион на Шпанија со убедливи 4-0 славеше на дуелот со Гетафе, и ја намали предноста на Реал Мадрид на само еден бод

Шпанија

Каталонците лесно ја забележаа десеттата победа во низа и го зголемија притисокот врз Кралевите кои утре гостуваат кај својот лут градски ривал Атлетико Мадрид.

Резултатот беше отворен во 13. минута кога Алексис Санчез од врвот на шеснаесетникот ја пласираше топката во мрежата на гостите.

Неколку минути подцна, шанса за зголемување на предноста имаше Чави, но неговиот удар во последен момент го расчисти Диаз, а од повторените снимки се добива впечаток дека топката ја помина гол линијата.

Санчез потоа пропушти нова добра прилика, но на полувреме Барса замина со предност од 2-0 благодарејќи на погодокот на Меси.

Во 44. минута, Аргентинецот проигра двојно со Иниеста и биеше неодбранливо во аголот од голот на Гетафе.

Санчез со удар со глава зголеми на 3-0 во 73. минута, а конечните 4-0 ги постави Педро две минути подоцна.

Осасуна ја продолжува битката за место кое носи настап во Европа, вечерва тимот од Памплона славеше со 2-0 во дуелот со Еспањол.

Гарсија ги донесе домаќините во водство во 53. минута, а истиот фудбалер ги постигна конечните 2-0 петнаесет минути подоцна. Гостите средбата ја завршија со девет фудбалери, откако црвен картон заработија Кутињо и Форлин.

Средбата помеѓу Реал Сосиедад и Бетис заврши без победник. Вела ги донесе домакините во предност во 56. минута но Кастро изедначи во 70. минута.