Категорија: Шпанија 09.04.2012 13:40
Средбата прелиминарно беше закажана за недела 22. април, но фудбалските власти во Шпанија денеска го соопштија конечниот распоред за 35. коло од Примера, според кој Барселона и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите еден ден порано, односно во сабота 21. април.
Многумина оваа средба ја гледаат како круцијална во трката за титулата во Шпанија.
По вчерашниот кикс на дуелот со Валенсија, предноста на Реал Мадрид на врвот на табелата се стопи на четири бода, на седум кола до крајот на сезоната.
Пред Ел Класико, Кралевите гостуваат кај својот лут градски ривал Атлетико Мадрид и го пречекуваат Спортинг. Барса пред своите фанови игра против Хетафе, а потоа гостува кај Леванте.