24фудбал

Каранка: Продолжуваме да се бориме, мислите ги насочуваме кон Атлетико Мадрид

Асистентот на Жозе Мурињо, Аитор Каранка е задоволен од прикажаното на фудбалерите против Валенсија и вели дека мислите веднаш ги насочуваат кон дербито на Висенте Калдерон.

Шпанија
Реал Мадрид синоќа одигра само 0-0 против Валенсија, па предноста на Кралевите пред големиот ривал Барселона сега изнесува само четири бода.
 
Реал Мадрид и Валенсија одиграа интересен натпревар со повеќе шанси за гол но мрежите мируваа.
 
Аитор Каранка вели дека и покрај разочарувачкиот резултат, не може да им биде лут на фудбалерите кои дале се од себе за да победат, мислите веднаш се насочуваат кон градското дерби против Атлетико Мадрид.
 
"Нашите фудбалери даваа се од себе во текот на сите 95 минути, создадовме многу шанси за погодок" - вели Каранка.
 
"Публиката беше тука со нас, единственото нешто што го кажавме во соблекувалната по натпреварот, беше дека мора да се фокусираме на следниот натпревар".
 
"Фудбалерите сакаат да го играат следниот натпревар, сакаат победа против Атлетико Мадрид и продолжуваат да работат напорно".
 
"Единствената работа која треба да ја правите кога го носите овој дрес и грб е да продолжите да се борите".
 
"Фудбалерите гледаат напред кон следните предизвици, обединети се, имаме шанси да ја освоиме титулата и сакаме да играме до крај".
 
"Сите видоа што се случи, ние само сакаме судиите да не остават да си ја вршиме нашата работа".