24фудбал

Берлускони сака Милан да игра како Барса

Ќерката на Силвио Берлускони, Барбара вели дека нејзиниот татко сака Милан да игра како Барселона.

Лига на Шампиони
Претседателот на Милан, Силвио Берлускони во средата тивко го напушти Сан Сиро по дуелот на неговиот тим со Барселона кој заврши 0-0.
 
Италијанските медиуми го нападнаа Берлускони дека само тој не е задоволен со играта и резултатот на Милан против во моментов најдобриот тим во светот.
 
Неговата ќерка, Барбара Берлускони во интервју за Corriere dello Sport застана во одбрана на својот татко.
 
"На мојот татко му се допаѓа играта на Барселона, тој сака Милан да игра на истиот начин, но ние имаме поинаков тип на фудбалери" - изјави Барбара.
 
"Тој не беше лут поради натпреварот, беше задоволен од резултатот".
 
"Можеме да одиграме добро на реваншот на Камп Ноу. Некои фудбалери се враќаат во стројот и можеме да дојдеме до резултат кој ни е потребен".
 
На Милан му одговара и реми со погодоци за прогрес во полуфиналето од Лигата на Шампионите.