24фудбал

Гвардиола: Тоа што Милан е задоволен со 0-0 е голем комплимент за нас

Пеп Гвардиола очекува тежок реванш натпревар против Милан, и ги повика фановите да го исполнат Камп Ноу до последното место и да им дадат голема поддршка на свите миленици

Лига на Шампиони

Откако вчерашната средба на Сан Сиро заврши 0-0, Пеп Гвардиола вели дека Барса сега мора да победи пред своите фанови за да се пласира во полу-финалето од Лигата на Шампионите.

“Тоа што Милан е среќен со резултатот 0-0, е голем комплимент за нас.” – рече Пеп по крајот на средбата.

“Покажавме добра игра, го имавме поседот на топката и доминиравме. За врема на паузата разговаравме да не ризикуваме премногу, но и покрај тоа имавме 17 удари кон противничкиот гол.”

“За да се биде шампион, потребно е да ги надминете сите пречки што ќе ви излезат на патот. Сме го правеле тоа во минатото, и ќе продолжиме да го правиме во иднина.”

“Реванш средбата ќе биде многу тешка, бидејќи Милан располага со голем квалитет.”

“Знаеме дека само со победа ќе се пласираме во полу-финалето. Ќе биде потребно да постигнеме повеќе од еден погодок, и ќе се обидеме да го сториме тоа.”

“Стадионот ќе треба да биде исполнет до последното место, фановите постојано да ни даваат поддршка. Нашите фанови не смеат да не разочараат во вторник.”

Фудбалерите на Барселона се пожалија на лошиот терен на Сан Сиро, но Пеп вели дека тие не можат да гледаат во теренот како оправдување за тоа што не постигнале погодок.

“Доколку УЕФА сака тимовите да приредат спектакал, потребно е да се надминат проблемите како овој.”

“Мислам дека ова не е проблем на Милан или пак на Интер, ниту тие не сакаат да играат на ваков терен. Едноставно се работи за проблем на стадионот.”