24фудбал

Мрежите мируваа на Сан Сиро

Првата четвртфинална пресметка во Лигата на Шампионите помеѓу Милан и Барселона заврши без голови.

Лига на Шампиони
Немаше погодоци на Сан Сиро, мирна и тактичка битка помеѓу Милан и Барселона, со неколку одлични шанси за погодок во првиот дел.
 
Очекувано поседот на топката беше на страната на Барселона, Каталонците беа оние кои напаѓаа, Милан играше организирано во одбраната и повремено преку контра напади го загрозуваше голот на Виктор Валдез.
 
Росоњерите на самиот старт имаа фантастична можност да поведат со 1-0.
 
Најпрво Боатенг беше изблокиран, потоа Робињо од идеална позиција не ја погоди топката како што требаше.
 
Играта брзо се префрли на половината на Милан, Барса имаше две убави прилики преку Чави и Алексис Санчез.
 
Во 20. минута Ибрахимовиќ имаше одлична можност да му донесе водство на Милан, беше убаво проигран од Сидорф но биеше млако, лесна задача за Виктор Валдез.
 
Неколку минути подоцна слична шанса имаше и Чави, неговиот слаб удар го одбрани Абиати.
 
Во 35. минута Санчез имаше отворен простор пред Абиати, Антонини стигна во последен момент и го блокираше ударот на Чилеанецот.
 
Второто полувреме помина во уште попретпазлива игра и од двете страни, Абиати и Валдез имаа малку работа.
 
Нововлезениот Тељо и Пујол беа најблиску до погодок во второто полувреме но нивните удари завршија покрај голот на Милан.
 
Патникот за полуфиналето ќе се решава на Камп Ноу, на Милан му одговара и реми со погодоци, но Барселона ќе биде голем фаворит пред своите навивачи.